Наградата за сервисно учење се организира на национално и регионално ниво.
На регионално ниво, РСЛА е предводена и организирана од Водечкиот комитет на РСЛА. За време на изданието на РСЛА, РСЛА Водечкиот Комитет е одговорен за планирање, лансирање, доставување, промовирање и евалуација на практиките на регионално ниво.
Додека на национално ниво, членовите на мрежата за сервисно учење на Централна и Југоисточна Европа се одговорни за водење и спроведување на сите фази на РСЛА.
Од сите национални организатори се бара да ги преземат сите неопходни чекори за да поттикнат поднесување на што е можно повеќе апликации кои содржат проекти за сервисно учење на добра практика во нивните земји. Потоа, тие ќе спроведат евалуации на проекти со експерти од областа на сервисното учење.
Најдобрите проекти ќе бидат проследени на меѓународна евалуација. Меѓународната евалуација ќе ја спроведе жири составено од експерти за сервисно учење од сите земји учеснички. Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на свеченото доделување.
Во 2024 година, оваа церемонија ќе се одржи во Словачка на 18 октомври 2024 година. Победничките приказни се објавуваат и промовираат како добри примери на проекти во заедницата